Фото и рецепт: Аида Ван ден Вен-Хаџиќ
Некои ги нарекуваат мекици или теганици иако овие не се тегнат, приганици, уштипци, пексимети…секој различно ги нарекува. Но името не е толку важно. Она што е важно е дека многу брзо се приготвуваат и имаат одличен вкус. Ова е доза за најмалата мера, а вие ако сакате удвојте ги количините.
Потребни состојки:
1 јајце
100 мл јогурт
50 мл вода
малку сол по вкус
малку помалку од половина прашок за печиво
200-250 г брашно
Постапка:
Се мати јајцето со вињушка, му се додава јогурт, па вода, се посолува по вкус.
Во брашното се додава малку прашок за печиво, па постепено се додава во течните состојки и се меша прво со лажица, а потоа и со рака.
Добиеното тесто се развлекува со оклагија во правоаголна кора од која потоа со остар нож се сечат правоаголници.
Се пржат во загреано масло на умерена температура од двете страни додека убаво да заруменат. Се послужуваат топли или ладни, во солена или слатка варијанта.
Перничиња (Фото и рецепт: Аида Ван ден Вен-Хаџиќ)