Home природна козметика Воодушевена сум! Ставив еднаш од маската со квасец и лицето веднаш ми...

Воодушевена сум! Ставив еднаш од маската со квасец и лицето веднаш ми се измазни, стана посвежо и помладо…

Маска од квасец за видливо помлад изглед на кожата

Оваа едноставна, целосно природна маска од свеж квасец, јогурт, маслиново масло и витамин Е е вистинско откритие за зрела кожа и за првите знаци на стареење.

Благодарение на богатството на Б-витамини, пробиотици и антиоксиданси, маската длабински ја хидрира кожата, ја стимулира обновата на клетките, го подобрува тонусот и дава видлив ефект на измазнување веќе по првата употреба, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 лажичка свеж квасец
– 2 лажици млака вода
– 1 лажица обичен јогурт или кисело млеко
– 1 лажичка ладно цедено маслиново масло
– 4 капки витамин Е (може да се земе од капсула или чисто масло од аптека)
– НМД

Постапка на подготовка и нанесување:

1. Во мала чинија ставете го свежиот квасец и прелијте го со млаката вода. Промешувајте со лажица додека да се раствори целосно и се добие кремаста смеса без грутчиња.

2. Додајте го јогуртот и убаво измешајте додека смесата стане хомогена.

3. На крај додајте го маслиновото масло и витаминот Е, па повторно промешајте енергично за да се соединат сите состојки.

4. Нанесете ја маската на чиста и сува кожа на лицето (може и на вратот и деколтето) со нежни кружни движења. Избегнувајте ја областа околу очите.

5. Оставете ја да делува 15 до 20 минути, додека да почне лесно да се суши на површината.

6. Исплакнете прво со млака, потоа со ладна вода за да ги затворите порите. Нежно исушете со чист пешкир без триење.

7. За оптимални резултати користете ја маската двапати неделно. По неколку недели редовна употреба кожата станува помазна, поеластична и со намален изглед на фини линии и брчки.

Оваа маска е целосно природна, без конзерванси и хемикалии, па е погодна и за чувствителна кожа. Уживајте во убавината што доаѓа од вашата кујна! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: