Потребни состојки:
1 ананас со средна величина или половина голем плод
6 листови нане/мента
1 литар филтрирана вода
1 тегла
Постапка:
Ананасот исчистете го и исечкајте го на коцки. Наполнете ја теглата до половина или 2/3, додадете мента и дополнете со вода.
Затворете и чувајте во фрижидер 8-10 часа.
Штом станете од спиење наполнете една чаша и оставете ја 10-тина минути да се стабилизира на собна температура. Потоа испијте го напитокот на празен стомак.
Остатокот испијте го во текот на денот.
Плодот изедете го за ужина.
Уживајте во овој освежувачки и лековит напиток кој ќе ви даде енергија за целиот ден.
Нема ограничување, напитокот можете да го консумирате во подолг временски период.
Го подобрува здравјето на црниот дроб и бубрезите, го забрзува губењето на килограмите…
Освен што е многу вкусен, ананасот е и многу здраво овошје.
Еве што добивате од овој лековит плод:
– Ананасот е богат со витамини и минерали, па успешно се бори против воспаленијата. Содржи важен ензим бромелаин, кој е значаен во борбата против воспаленијата и инфекциите.
– Ги исфрла паразитите од вашиот организам и го чисти телото од токсини
– Го поправа здравјето на црниот дроб и бубрезите
– Го забрзува губењето на килограмите
– Ги намалува отоците и болките во зглобовите
– Ја регулира работата на штитната жлезда
– Делува како природен избелувач на забите и отстранувач на каменецот
– Го подобрува видот бидејќи содржи доста витамин А
– Го подобрува имунитетот
– Превентивно делува против ракот