Home Народна медицина Во фрижидер ставила кора од банана и решила проблем што ја мачел...

Во фрижидер ставила кора од банана и решила проблем што ја мачел цел живот…

За многумина, главоболката е секојдневна мака со која се соочуваат. Иако постојат бројни лекови за оваа болка, едно едноставно решение може да се најде во секој дом.

Потребна ви е само една банана. Ви го пренесуваме искуството на една жена:

„Почувствував силна главоболка што по којзнае кој пат ме разбуди. Не сакав повторно да се оптоварувам со лекови кои не ми помагаат и само ми го надразнуваат желудникот.

Тогаш се сетив на советот што ми го даде сосетката претходниот ден: да пробам едноставен трик со банана.

Ја изедов целата банана, а кората не ја фрлив, туку ја ставив во фрижидер да се излади.

По петнаесетина минути ја извадив кората, легнав во кревет, удобно се сместив на перница и ја поставив кората на челото.

Кората пријатно ми го излади челото, а пулсирањето во главата полека се намали. Оваа постапка толку ме опушти што главоболката исчезна, а јас конечно заспав.

Сакав да го споделам ова искуство, надевајќи се дека можеби ќе им помогне и на други со сличен проблем.“

Коментар од Љубе Ванда:

„При главоболки помага и свеж компир, исечен на тенки тркалца. Тие се поставуваат на челото и се зацврстуваат со марама. За кратко време главоболката исчезнува, а спиењето доаѓа лесно.“