Ако ви здодеало компирот да го приготвувате секогаш на истите неколку познати начини, тогаш ви го препорачуваме овој рецепт.
Постапката за приготвување е едноставна а вкусот е прекрасен! Затоа, внимавајте на прстите, многу е вкусно!
Потребни состојки:
1 кг компири +-
1 лажичка сув зачин, сол и црн пипер по вкус
1 прстофат рузмарин
2 чешниња лук, ситно сечкано
200 мл млеко
200 мл неутрална павлака за готвење
Малку путер
Постапка:
Околу 1 кг компир измијте го, излупете го и сечете го на тенки тркалца-плочки (како за мусака), со нож или на ренде.
Компирот наредете го во тавчето и зачинете го по вкус со сол, црн пипер и сув зачин. Додадете малку рузмарин и две ситно сечкани чешниња лук.
Прелијте со 200 мл млеко и 200 мл течна павлака. Ако немате течна, користете кисела павлака, но претходно разредете ја и промешајте ја со млекото, па заедно прелијте врз компирот.
Многу малку, околу една лажица путер наредете одозгора врз компирот, па ставете на рингла, на оган и гответе 10-тина минути, малку да омекне компирот.
Потоа тргнете на страна, изрендајте кашкавал со количина по желба (колку повеќе, толку подобро), па ставете во загреана рерна на 200 степени додека убаво да се запече.
Погледнете го видеото: