Home предјадење ВЛАШКА САЛАТА…Совршено зимско предјадење кое може да се комбинира со сѐ…

ВЛАШКА САЛАТА…Совршено зимско предјадење кое може да се комбинира со сѐ…

ВЛАШКА САЛАТА…Совршено зимско предјадење кое може да се комбинира со сѐ…Ако сте љубител на печени пиперки, тогаш оваа салата е одличен избор.

Од овие состојки се добива голема количина за повеќе луѓе, но ако ја подготвувате за 5-6 лица, тогаш слободно двојно намалете ја мерката. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г печени пиперки (излупени, исчистени и ситно исечкани)
600 г фета сирење
200 г сланина (ситно сечкана и пропжена)
4 варени јајца
100 г мајонез

ПОСТАПКА:

Издробете го сирењето со виљушка додека да стане кремасто, па додајте сечкани печени пиперки. Промешајте, па додајте рендани варени јајца. Соединете со мајонез и на крај додајте ја сланината.

Пред послужување салатата добро изладете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

ВЛАШКА САЛАТА…Многу кремаста и пикантна, со сирење, сланина и печени пиперки…Како мезе или прилог…Прсти да излижеш…