Вкусот на заборавениот рецепт од пред 2 генерации…
Сочно и заситно јадење кое баба ми редовно го правеше…
Вратете се во безгрижното време кога бевме деца со овој неверојатно вкусен и едноставен рецепт! Комбинацијата од сочни месни ќофтиња и ароматичен ориз ќе ве освои на првиот залак. Совршено за семејна трпеза! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2 шолји (200 г) лебни трошки (презла)
– 1 шолја (250 мл) вода
– 500 г мелено месо
– 1 главица кромид, мелен
– 3 чешниња лук, мелени
– сол
– мелен црн бибер
– 1 јајце
– малку масло
– НМД
И уште:
– 20 г путер
– 1 шолја (200 г) ориз
– 600 мл врела вода
ПОСТАПКА:
Потопете ги лебните трошки во вода и оставете ги набабрат. Во месото додајте го мелениот кромид и лук, набабрените лебни трошки, јајцето и зачините. Замесете компактно месо.
Со влажни дланки обликувајте ќофтиња и пржете ги во умерено загреано масло по 2 минути од секоја страна. Измиениот ориз кратко пропжете го во сува тава, додајте путер, врела вода и оставете на тивко да набабри под капак, 5 минути.
Одозгора наредете ги ќофтињата, поклопете и оставете сѐ така уште 10 минути или додека оризот целосно да омекне. Добар апетит. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: