Суфле е многу вкусно јадење кое има посебен вкус, а нам ни е добро познат бидејќи баба ми го подготвување кога бев мала. Сега рецептите за овој вкусен оброк се многу усовршени и повкусни, а следниот рецепт е најубавиот кој досега сум го пробала.
На почетокот постојано се држев на рецептот на баба ми, бидејќи мислев дека само тој ќе ми се допаѓа, но еден ден го најдов овој рецепт и не згрешив што го пробав. Потоа забележав дека многумина го прават суфлето по овој рецепт, а дел од коментарите беа:
„Благодарам за рецептот, ова е јадење кое обезбедува со многу енергија и нутритивни својства за целото семејство.“ Потоа: „Може да пробате да ставите мајонез наместо шеќер. Излегува многу вкусно. Благодарам за идејата на одвојување на белките/протеините од жолчката.”
Јадењето се прави од само 3 јајца. Може да го направите ако користите и рачен миксер, мислам дека така е побрзо и полесно. Ќе ви бидат потребни само 4 состојки, а ова се советите кои што сакам да ви ги кажам пред да го прочитате рецептот:
Ако користите мало тавче за пржење може да ставите 2 јајца. Обично знаеме ние домаќинките кога подготвуваме некое вкусно јадење, јајцата ги вадиме барем 1 час надвор да отстојат на собна температура. За ова суфле тоа не треба да го правите, уште поубаво е да користите ладни јајца за полесно да се изматат.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1/4 лажичка сол, 1 голема лажица шеќер (може да замените со мајонез) и несолен путер. ПОСТАПКА: Одделете ги белките од жолчките во посебен сад. На жолчките додајте им 1/4 лажичка сол и изматете ги со жица за матење.
Белките изматете ги со миксер или со жица за матење додека да станат пенасти и почнат да се формираат воздушни меурчиња на површината. Потоа додајте им 1 голема лажица шеќер и продолжете да ги матите додека шеќерот да се растопи.
Кога ќе се формира фина пена која го зголемила својот волумен, тогаш се готови. Потоа започнете изматените жолчки да ги додавате во смесата со белки и со шпатула мешајте до соединување на смесата.
Во малку загреано тавче ставете 1 коцка несолен путер и почекајте да се растопи. Истурете ја смесата од јајца и покријте одозгора со капак да се готви 3-5 минути.
Кога ќе се формира златна кора од долната страна и тестото ќе почне да се одвојува од тавчето преклопете на средина и гответе додека да се испече внатрешноста. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.