Здраво, јас сум Александар и денес сакам да споделам еден одличен рецепт за сникерс чоколатца. Честопати го приготвувам овој рецепт, бидејќи е многу е едноставен и брз, за десет минути е готов, само останува да се излади. На децата им е омилен и често бараат да им го приготвувам.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г шеќер, 50 г слатка павлака 33-35% мм, 90 г путер, 240 г од вашите омилени јаткасти плодови: кикирики, лешници, бадеми или што сакате вие, 160 г темно чоколадо (или за готвење)
ПОСТАПКА: Во сува тава растопете 150 г шеќер додека да се карамелизира. Шеќерот не треба да го мешате, само да ја протресувате тавата за да се распоредува рамномерно. Дури откако ќе се растопи можете да го промешате.
Кога целосно ќе се растопи и ќе ја добие специфичната карамел боја, додајте 50 мл слатка павлака и мешајте за да се соедини со растопениот шеќер. Ова се прави брзо на умерена до ниска температура.
Потоа додајте 90 г несолен путер и повторно мешајте додека тој да се растопи и инкорпорира во карамелниот сируп. Мешајте додека да добиете хомогена смеса.
Еден помал калап обложете го со хартија за печење на дното и на ѕидовите. Во него рамномерно распоредете ги јатките кои претходно сте ги подговтите (кикирики, бадеми…), во еден слој.
Одозгора рамномерно прелијте ги со карамелниот прелив. Преливот истурајте го постепено, така да се осигурате дека рамномерно насекаде ќе навлезе помеѓу приготвените јатки.
Малку расчепкајте и израмнете со виљушката, па садот поклопете го и ставете го во фрижидер да се олади 20 минути.
За тоа време пригответе ја глазурата. Чоколадото (160 г) искршете го на коцки и растопете го на тивок оган/пареа или во микробранова печка. Пред глазирањето проверете со прсти дали карамелот е стврднат.
Излејте го растопеното чоколадо, а потоа протресете го калапот под сите агли за да се израмни и да се распореди насекаде подеднакво. Колачот повторно вратете го во фрижидер на ладење уште еден час.
Потоа извадете го од хартијата и сечете на штангли, коцки, триаголници, ромбови или форми какви што вие сакате. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.