Вкусни питички со сирење – едноставни и брзи, со готови кори…Комбинацијата од овие состојки го дава најубавиот фил…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г готови кори за пита
400 г урда или ситно сирење
150 г кашкавал
сол по вкус
1 јајце
80 г растопен путер
1 јајце за премалкување
сусам
Во рерна 25 минути на 180 Целзиусови степени

ПОСТАПКА:

1.Измешајте ги сирењето, ренданиот кашкавал и јајцето, па посолете по вкус.

2.Отворете една кора и преку цела површина премачкјате ја со растопен путер. На едниот крај ставете фил, свиткајте ги страните по 1-1.5 см за да не истекува филот, па свиткајте во ролат.

3.Ролатите свиткајте ги како потковица и наредете ги во плех обложен со хартија. Премачкјате ги со јајце и посипете ги со сусам.

4.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.