ВКУСНИ ПИРОШКИ со готови кори, залиени со газирана вода…Крцкаат на секое гризнување, а однатре се меки и многу вкусни…
За овој рецепт не ви се потребни прецизни количини, затоа што сè се прави одокативно, од само неколку состојки. Филот секако, е по ваш избор и вкус, а овојпат крцкавите пирошки ги направивме со сирење…Еве кои состојки ви се потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
готови кори
растопен путер/маргарин помешан со масло (2:1)
газирана вода
За фил:
ситно сирење/урда или по ваш вкус
За премачкување одозгора:
жолчка+2 лажички масло или само пуер/маргарин
сусам за посипување
ПОСТАПКА:
Во постапката која можете да ја погледнете во видеото подолу се користат две големи свежи кори со тркалезен облик. Ако не можете да најдете вакви кори, користете обични, правоаголни.
1.Исечете ги корите во триаголници.
2.Секој триаголник премачкајте го со маснотија преку целата површина, а на поширокиот крај ставете фил.
3.Свиткајте како сармички, најпрво преклопете ги краевите за да не истекува филот при печењето, а потоа свиткајте во ролничка.
4.Ролничките наредете ги во намастен сад за печење, премачкјате ги одозгора со маснотија или жолчка и залијте ги со газирана вода.
5.Газираната вода ќе запени при полевањето и ролничките треба да бидат 1/3 потопени во водата, максимум до половина.
6.Одозгора посипете ги со сусам и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат и водата да испари. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/ieKcAXL3AG4?si=DzWVCP7ql-IAX0Dw