Вкусни пирошки направени од палачинки, одлично празнично предјадење
Фото и рецепт: Даница Данче Стојева. Повторно нашата драга Данче Стојева не изненади со овој прекрасен рецепт во групата НМД рецепти. Вака приготвени можете да ги замрзнете и да ги вадите по потреба.

Фото и рецепт: Даница Данче Стојева

Потребни состојки за фил: 500 г шунка по избор, 500 г кашкавал, 1 тегла кисели краставички, црн пипер, сол по вкус, свеж магдонос, 50 г мајонез, 100 г сенф, 1 јајце. За панирање/похување: брашно, јајца, лебни трошки (презла).




Постапка: Прво ги пржите палачинките според вашиот рецепт (рецепт за палачинки можете да најдете на нашиот портал, а најубавиот и најбараниот рецепт за вкусни палачинки сè по 4 може да го прочитате ОВДЕ).




Потоа во еден поголем сад рендате половина килограм шунка, половина килограм кашкавал. Додавате ситно сечкани или рендани кисели краставички од една тегла, зачинувате со црн пипер и сол по вкус.

Фото и рецепт: Даница Данче Стојева




На смесата се додава ситно сечкан свеж магдонос по вкус, 100 грама сенф, 50 г мајонез и едно јајце. Сите состојки се замесуваат со рака за да се соедини и изедначи смесата. Потоа се остава некое време за да се измешаат вкусовите.




На секоја палачинка се става фил, се виткаат краевите, а потоа во ролатче. Кога ќе се потроши целиот фил кој е доволен за 20-тина пирошки, започнување со панирање/похување на пирошките.




Секоја пирошка прво ја валкате во брашно, па во матено јајце и на крај во презла. Се пржат во загреано масло, или се печат во намастен плех со малку рендан путер одозгора. Пред печењето можете да ги замрзнете и по потреба да ги вадите.

Фото и рецепт: Даница Данче Стојева




РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 1 коцка свеж квасец, 200 мл млеко, 1 лажичка шеќер, 400 г брашно, 1 лажичка сол, 1 лажичка сув зачин (вегета), 2 жолчки и 200 г варен компир. За фил: 1 младо кромитче, 1 младо лукче, 3 домати, 100 г суво, димено месо, 100 г сирење и маслиново масло, оригано, босилек, црн пипер.




И уште: 2 белки и презла за валкање. Постапка: Најпрво ставете го квасецот со млекото, шеќерот, две лажици брашно, па промешајте убаво да нема грутчиња. Оставете го 10-тина минути да се активира и запени. Направете тесто со останатите состојки и варениот и изрендан компир.




Оставете го да стасува, околу 30-40 минути. Потоа развлечете кора, сечете правоаголници и филувајте со претходно приготвениот фил. Со прстите притиснете на краевите за да се залепи пирошката, па валкајте ги прво во белка, а потоа во презла. Пржете ги во не многу врело масло.




За фил: малку издинстајте ги кромидот и лукот, па зачинете, додајте рендан домат, суво месо на коцкички, па сирење или кашкавал. Со оваа смеса филувајте ги пирошките. Тестото е феноменално, а филот можете да го промените по ваш вкус.