Потребни состојки:
- 500 г лазањи
- 500 г печурки
- ¾ шолја зелена пиперка сечкана
- ¾ шолја сечкан кромид
- 3 чешниња лук ситно сечкано
- 2 тегли доматен сос за тестенина
- 400 г рикота сирење
- 4 шолји рендана моцарела
- 2 јајца
- ½ шолја пармезан
- тиквички исечкани на тркалца (произволно)
Начин на приготвување:
Тестината сварете ја според упатството на пакувањето, исплакнете со ладна вода и оставете да излади.
Во голема шерпа пропржете печурки, пиперки, тиквички, кромид и лук. Додадете го сосот за тестенини и оставете да зоврие.
Гответе 15-тина минути па оставете на страна.
Во сад помешајте рикота, 2 шолји моцарела и јајца.
Во тепсија истурете една шолја од сосот, па наредете лазањи, па наросете со рикота и пармезан, па повторувајте додека да се потрошат намирниците.
Одозгора наросете со моцарела и пармезан па печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени.