Рецепт и видео презентација – Том Филос
Едноставно се приготвува тестото, а од него се приготвуваат меки и многу вкусни пакетчиња, меки како памук.
Потребни состојки:
400 мл млеко
150 мл масло
3 јајца
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 квасец
1 кг брашно
За фил: маринирани печурки и кечап
За премачкување: жолчка + 2-3 лажици масло
Постапка:
Во поголем сад изматете ги јајцата, додадете млеко и масло, по лажичка сол и шеќер, еден квасец и промешајте. Постепено додадете го брашното и матете со миксер за тесто или изработете го тестото на рака, додека да стане мазно и еластично, средно меко.
Покријте го тестото со проѕирна фолија и оставете го да стасува еден час на собна температура, додека да ја удвои својата величина. Потоа премесете го на работна површина и поделете го на две топки.
Од секоја топка тесто развлечете кора и сечете правоаголници, па на едната половина премачкајте со кечап и ставете малку печурки. На втората половина од правоаголничињата направете засеци (не до крај), и премачкајте со белка која служи како лепило.
Прво преклопете го филот од кечап и печурки, а одзгора прекријте со засечениот дел (погледни видео). На тој начин ќе добиете пакетчиња-фенерчиња. Редете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со проѕирна фолија и крпа, па оставете ги да стасуваат половина час. Одозгора премачкајте ги со жолчка измешана со малку масло.
Ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 220 степени, 15 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: