Фото и рецепт: Николинка Касап

Како што можете да забележите, рецептот е многу лесен и лесно може да се запамти. Единствено масло се става една шолја и еден прашок за печиво, а сето друго е по 3. Проите се навистина многу вкусни.

Потребни состојки:

300 г фета сирење
3 јајца
3 шолји (од 200 мл) бело брашно
3 шолји пченкарно брашно
3 шолји газирана вода
1 шолја масло
1 прашок за печиво

Постапка:

1.Изматете ги јајцата, па додадете го маслото и газираната вода. Убаво соединете.

2.Брашната измешајте ги и додадете го прашокот за печиво. Додадете ги во смесата од јајца.

3.Изматете убаво за да нема грутчиња. На крај додадете го издробеното сирење.

4.Вклучете ја рерната да се загрева на 200-180 степени. За тоа време пригответе ги хартиените калапи за мафини.

5.Полнете ги калапите но не претерувајте, нека има барем еден прст празнина или 2/3 од калапот, бидејќи при печењето проичките ќе нараснат.

6.Ставете ги да се печат додека убаво да заруменат и послужете ги топли.

Фото и рецепт: Николинка Касап