Вкусни БУРЕК ТРИАГОЛНИЦИ со сирење и готови кори…Брзи и многу вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г урда
150 г рендан кашкавал / моцарела
2 јајца
сол по вкус
400 г кори
80 г растопен путер
сусам

ПОСТАПКА:

1.Измешајте ја урдата со кашкавалот и јајцата, па посолете по вкус.

2.Отворете една кора и премачкајте ја со растопен путер. Поклопете со втора кора и повторно премачкјате путер.

3.Исечете 3 ленти. На крајот од секоја лента ставете фил, па свиткајте ги триаголниците цик-цак.

4.Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкјате ги со јајце и посипете ги со сусам.

5.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.