„Мамо, има ли нешто слатко?„ – „Има сине, слатка зелка!“ На овој начин денес се шегуваме, па иако ова не е едно од оние денешни модерни јадења, сепак навистина е совршено. Едноставно е, лесно, здраво и вкусно, а што му треба повеќе од ова на едно јадење за да биде перфектно.




Мене секогаш ме навраќа на детството кога ваквиот вид на јадења беа на трпезата секој ден – вели Александра за ова јадење. Слатката зелка е совршено летно јадење кое е и здраво и евтино. После пишаниот рецепт имате и видео презентација. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г морков, 150 г црвен кромид (може и обичен), 2 кг свежа зелка, 50 мл масло, 10 г сол или по вкус, 15 г зеленчуков сув зачин (вегета), 3-5 г црвен пипер во прав, 3 г црн пипер во прав




ПОСТАПКА: Морковите исечкјате ги на ситни коцкички и додајте ги во големо длабоко тенџере со малку загреано масло. Посолете го морковот со прстофат сол за да може полесно да се издинста. Промешајте и поклопете го тенџерето, а морковот динстајте го приближно 4 минути.




Кромидот исто така исечкјате го колку што можете поситно па додајте го во омекнатиот морков. Промешајте и повторно поклопете го тенџерето и под капак динстајте го зеленчукот уште 4 минути со повремено промешување.




Зелката исечете ја ситно како кога ја сечете за салата, но не премногу ситно. Започнете постепено да ја додавате во тенџерето, бидејќи целата зелка нема да ја собере. Додајте приближно половина или колку што собира.




Промешајте и поклопете, па динстајте околу 3 минути. За тоа време зелката ќе омекне и ќе „слегне“, па ќе се отвори простор. Пригответе ги сите зачини, додајте ги во тенџерето и промешајте за да се изедначат. Поклопете и динстајте уште 3 минути.




Потоа додајте го остатокот од зелката. Внимателно промешајте, поклопете и динстајте 5-10 минути со повремено промешување, односно додека да испари водата. Потоа додајте 250 мл топла вода, промешајте, поклопете и донстајте 20 минути.




Кога ќе испари и таа вода, додајте 500 мл топла вода, промешајте и гответе уште приближно 10 минути. Ако сакате да додадете месо, истото треба да се додаде на почетокот од готвењето или настрана да го сварите, па да го додадете заедно со водата во која се варело. Деталите погледнете ги ОВДЕ.