Пита „сончоглед“ со спанаќ и сирење, многу е вкусна и за брзо се прави. Може да ја правите како предјадење за некоја пригода или за појадок, ручек или вечера. Питата се прави од 2 филови, од кој едниот е само со сирење, а вториот со спанаќ. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл млеко, 100 мл масло, 1 белка, 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка прашок за печиво, 1 кесичка сув квасец, 600-700 г брашно. ПРВ ФИЛ: 100 г сирење, 1 јајце, 1 лажица пченкарно брашно.

ВТОР ФИЛ: 200 г спанаќ, 100 г сирење, 1 јајце, 1 лажичка пченкарно брашно. И УШТЕ: 1 жолчка за премачкување, сусам, ленено семе.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете една чаша млако млеко, половина чаша масло, една белка од јајце, две лажички сол, една лажичка шеќер и една лажичка прашок за печиво. Промешајте убаво да нема грутчиња, а потоа додајте еден сув квасец и повторно промешајте.




Откако ќе се изедначи смесата започнете постепено да додавате брашно. Во почеткот мешајте со лажица, а потоа замесете со рака. Тестото префрлете го на набрашнета работна површина и добро изработете го додека да добиете убаво, еластично, средно меко тесто.




Покријте го со фолија и оставете го да стасува еден час на собна температура, додека убаво да ферментира и да го удвои волуменот. Во меѓувреме пригответе го првиот фил: со виљушка издробете го сирењето, додајте лажица пченкарно брашно и јајцето, па помешајте.




Подготовка на вториот фил: Спанаќот кратко обарете го во врела вода во која сте додале малку сол и една лажица оцет или лимонов сок, исцедете го и исечкајте го. Додајте ситно сирење, лажица пченкарно брашно и јајце, па убаво промешајте.




Стасаното тесто поделете го на два дела, а секој дел развлечете го со оклагија во тркалезна кора (за да добиете идеален круг послужете се со тепсија како модла). Кората префрлете ја во плех обложен со хартија. По краевите нанесете го првиот фил од сирење и јајце. Во средината ставете го вториот фил од спанаќ.




Одозгора поклопете со втората кора, па со прстите притиснете за да се одделат филовите и да се добие форма на цвет. Потоа надворешниот прстен (оној со сирење) исечете го на ленти со широчина од приближно 2 см и вртете ги пресечената страна нагоре.




Одозгора премачкајте ја со жолчка, наросете обилно со сусам, а средината наросете ја со ленено семе. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за вкусна пита:

(втор рецепт) Рецептот е одличен, без грешка! Искористете ја сезоната на тиквичките и пригответе брз, а здрав и вкусен оброк за вашите најмили. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички со средна големина, 4 јајца, 200 г кисела павлака, 100 мл масло, 200 г гриз, 10 г прашок за печиво, сол по вкус.




ПОСТАПКА: Тиквичките измијте ги со ладна вода, излупете ги и отстранете им ја дршката. Потоа изрендајте ги на на ренде. Посолете ги одозгора и оставете ги на страна додека ја приготвувате смесата за тесто.




Во подлабок сад ставете сè одеднаш: 4 јајца, 100 мл масло, 200 г кисела павлака, 200 г гриз и 10 г прашок за печиво. Со жица за матење убаво промешајте ги состојките додека да добиете хомогена изедначена смеса.

Тиквичките убаво со раце истискајте ги и исцедете ги, па и нив додадете ги во смесата. Промешајте. Плех со средна величина убаво намастете го со путер или маргарин, па смесата излејте ја во него.

Одозгора наросете ким или семе по желба, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Печената пита оставете неколку минути да подизлади, па сечете ја и послужете ја со јогурт, кисело млеко или по желба.