За сите љубители на питите ова е еден одличен рецепт кој треба да си го запишете. Се приготвува многу лесно и едноставно, со готови кори и ситно исечкан компир.

Наместо компир може да употребите фил од мелено месо и сирење со зелен зеленчук, но испробајте го токму според овој рецепт, зашто ќе воодушевите од вкусот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 1-2 главици кромид, 100-тина мл вода, сол, црн пипер, сув зачин (вегета) и сув магдонос по вкус, 1 јајце, 1 прстофат сол, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 2-3 супени лажици масло, 100-150 мл течен јогурт, 1 пакување готови кори (500 г), малку масло

ПОСТАПКА: Компирот измијте го, излупете го, а потоа ситно исечкјате го на мали коцкички и оставете го во сад со ладна вода за да не потемнува и да се испере од скробот. Обидете се да го исечкате колку можете поситно.

Во широка тава ставете малку масло да се загрева на умерена температура, па додајте го кромидот, претходно излупен, исчистен и ситно исечкан.

Динстајте го кратко време, па додајте го ситно сечканиот компир и промешајте.

Посолете, запиперете и зачинете со сув зеленчуков зачин. Потоа додајте половина чаша вода и поклопете да се динста на ниска температура со повремено промешување 10-тина минути. Не треба компирот целосно да се свари, туку сосем малку да омекне.

После десетина минути исклулете го огнот, додајте малку сув магдонос, босилек, оригано или нешто по свој вкус (не мора), промешајте и оставете малку да подизлади, а ако немате време, можете и веднаш да започнете со подготвка на питата.

Во посебен сад изматете го јајцето со малку јогурт, посолете и запиперете, додајте прашок за печиво и малку масло.

Оваа течна мешавина е за залевање на корите. Плехот со средна големина малку намастете го на дното и страните, па ставете една изгужвана кора на дното.

Сипете две-три лажички од течната мешавина, па ставете втора и трета кора, секоја исто така, по малку наросена со мешавината.

Потоа рамномерно распоредете третина од филот со компири. Одозгора ставете повторно гужвани 2-3 кори, секоја натопена по малку со преливот.

Постапката продолжете ја додека имате материјал.

Откако ќе ја ставите и третината од филот, ставете ги последните три кори и одозгора премачкјате со остатокот од преливот. По потреба додајте уште малку јогурт ако сакате питата да биде посочна.

Одозгора малку посипете ја со масло. Потоа исечете ја на коцки и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени, 40-тина минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.