Вкусен ручек набрзина…МАФИНИ СО ТИКВИЧКИ…Лесен и брз рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 9 мафини):

1 тиквичка со средна големина
1/4 пиперка, ситно сечкана
1 чаша рендан кашкавал
2 големи јајца
сол и црн пипер по вкус
1 чаша (125 г) сенаменско брашно
1 лажичка прашок за печиво
путер за премачкување на калапите

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ја тиквичката без да ја лупите. Исто така, не треба ја цедите. Во подлабок сад изматете ги јајцата со малку сол и црн пипер, па додајте ја ренданата тиквичка.

Додајте ја пиперката и кашкавалот, па промешајте.

2.Постепено додајте го брашното со прашокот за печиво и изедначете.

3.Калапите за мафини добро намастете ги со путер, па наполнете ги 2/3 со смесата.

4.Печете ги во добро загреана рерна на 200 степени, 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.