ВКУСЕН РУЧЕК НАБРЗИНА: колешка донесе денес на работа и сè се изеде во еден залак. Овие топчиња беа толку многу вкусни што сите што ги пробавме посегнавме по уште неколку парчиња.




Важно сите се послуживме со нив и си го запишавме рецептот. Оттогаш ги правам при секоја пригода, кога имам гости или за нешто посвечено и на сите многу им се допаѓаат. Се подготвуваат ептен брзо, за час ќе ги послужите, а уште побрзо ќе ги изедете.




Потребни состојки за основата: 1 кг компири, 1 јајце, 1 лажиче сол, 100 г кашкавал, 100 г шунка, 2 лажици млеко, 20 г маргарин (1 полна голема лажица), зелениот дел од млад кромид. За фил: 1 јајце, 2 лажички млеко, лебни трошки (презла) по потреба за похување.





Подготовка: Ситно исечкајте го кашкавалот и шунката, како и зелениот дел од младиот кромид. Компирите добро измијте ги, излупете ги и сварете ги. Потоа процедете ја водата од нив и испасирајте ги со рачен блендер или виљушка.




Во нив додајте малку маргарин, сол, две лажички млеко и измешајте. Кога малку ќе се олади смесата, додајте го јајцето, исечканата шунка, кашкавалот и младиот кромид, Измешајте и формирајте помали топчиња со големина по ваш избор.




Од добиената смеса направете топчиња со големина по желба. За похување подгответе ја смесата на следниот начин: во еден сад со виљушка изматете едно јајце со 2 лажици млеко, а во друг сад ставете ги лебните трошки.




Топчињата натопете ги цели во јајцето, па валајте ги во лебните трошки додеца целите да се обложат, а по желба може двапати да ја повторите постапката (да ги натопите уште еднаш во јајце па во презла). Пржете ги во масло додека да заруменат, а потоа вадете ги на чинија обложена со хартиена салфетка за да се исцедат од вишокот масло.




Може да ги комбинирате како прилог или предјадење, а подеднакво се вкусни и топли и ладни. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт кој може да го комбинирате заедно со првиот за да имате две различни предјадења на трпезата:




Крокети: вкусни и крцкави однадвор а меки одвнатре – не го фрлајте пирето што ќе ви остане. Фотографија и рецепт на Вишња Вишња. Драги домаќини и домаќинки, како вие го искористувате пирето што ќе ви остане? Јас од него правам крокети. Убави се и вкусни, крцкави однадвор а меки одвнатре.

Фотографија и рецепт на Вишња Вишња




Кога ќе ми остане пире од компир, а тоа обично се 5-6 лажици, јас во него додавам едно јајце и го соединувам матејќи со виљушка. Потоа додавам брашно и половина прашок за печиво.

Фотографија и рецепт на Вишња Вишња

Брашно додавам толку колку тестото да не се лепи на раце, но останува уште меко, но не се лепи многу на рацете. Потоа добро ја набрашнувам подлогата врз која го истурам тестото и го обликувам во валјак.




Со н ож сечам парчиња, ги валам меѓу дланките и ги спуштам во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело за да не изгорат предвреме, значи крокетите пржете ги на умерен оган.

Фотографија и рецепт на Вишња Вишња

Исто така можете да ги валкате во презла пред пржење, но мене вака ми се убави. Напомена: не ставајте премногу брашно, тестото треба да биде меко, зошто ќе ви излезат тврди крокетите.

Втора варијанта: во пирето додајте издинстано бело месо со кромид. Па земете готови кори, на секоја трета ставајте фил и свиткајте. Добивате 4 ролати. Премачкајте со масло и печете до златно жолта боја. На крај прелијте со павлака и добивате совршена пита.

Фотографија и рецепт на Вишња Вишња