Нема кој не ја сака Панчо тортата а ова е нејзина поедноставена верзија. Се приготвува многу брзо и многу лесно. Рецептот е многу стар, а основната верзија на овој колач се парчиња исечени коцки бисквит прелиени со вкусен крем, а помеѓу сечкано овошје. Во овој рецепт користевме банани и јагоди, но може да се користи и овошје по ваш вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за бисквит, плех 32х18 см): 3 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 80 г шеќер, 70 г брашно + 30 г какао + 10 г прашок за печиво (1 кесичка). ЗА КРЕМ: 250 г крем сирење (маскарпоне/филаделфија), 500 мл слатка павлака 33%, 50 г шеќер во прав, 2 бананаи, 200 г јагоди. За глазура: 200 г чоколадо, 200-250 мл слатка павлака
ПОСТАПКА: Јајцата пенасто изматете ги заедно со шеќерот и ванилата. Матете со миксерот додека шеќерот целосно да се растопи, а јајцата да згуснат и побелат.
Сувите состојки помешајте ги и просејте ги (70 г брашно, 30 г какао и 1 кесичка прашок за печиво. Додајте ги во изматените јајца, па промешајте со лажица или шпатула додека да добиете изедначена мазна смеса. За да остане смесата пенлива мешајте полека со превртување на лажицата.
Добиената смеса излејте ја во калап со димензии 32х18 см обложен со хартија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути (проверете со чепкалка, ако излезе сува значи дека бисквитот е добро испечен).
Во меѓувреме пригответе го кремот: во посебен сад изматете 250 г крем сирење со миксер. На страна изматете 500 мл слатка павлака од фрижидер додека да добиете шлаг. Помешајте ги двете смеси и додајте шеќер во прав. Измешајте додека да се изедначи смесата.
Печениот колач оставете го да се олади, а потоа исечкјате го на коцкички. Подгответе калап во кој ќе ја редите тортата (тоа може да биде калап со обрач, или каков било друг калап). На дното намачкајте малку од кремот па наредете густо бисквитни коцки. Одозгора премачкјате со кремот и пополнете ги празнините.
Израмнете, па наредете сечкано овошје, премачкјате повторно крем, па наредете го остатокот од сечканите бисквитни коцки. Одозгора завршете со остатокот од крем.
Израмнете и колачот оставете го во фрижидер да се лади 2 часа. Потоа растопете го чоколадото и помешајте го со слатката павлака и прелијте ја тортата. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.