Фото и рецепт: Весна Вртариќ
Потребни состојки:
6 јајца
6 лажици шеќер
4 лажици какао (+ 4 лажици чоколадо во прав)
6 лажици брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
150 мл млеко
150 мл масло
Крем од ванила:
2 пудинг од ванила
900 мл млеко
6 лажици шеќер
150 г путер
Крем од чоколадо:
2 пудинг од чоколадо
800 мл млеко
6 лажици шеќер
100 г путер
Постапка:
Се матат јајцата (одвоено белки и жолчки) и постепено се додаваат останатите состојки (прво жолчките изматете ги пенасто со шеќер и ванилин шеќер, па додадете масло и на крај сувите состојки, па со лажица додадете го снегот од белки).
Смесата за пандишпанот се излева и се пече во намастено и набрашнето тавче малку помало од она од рерната (на 180 степени, 20-25 мин). Печената кора уште топла можете да да ја избоцкате со врвот од дрвена лажица.
Крем од ванила: сварете 2 пудинзи од ванила во 900 мл млеко со 6 лажици шеќер и 150 г путер. Топлиот пудинг веднаш се излева врз кората. Израмнете убаво за да се пополнат дупчињата.
Потоа пригответе го чоколадниот пудинг и прелијте го врз ванилата.
Јас одозгора го нашарав со бело чоколадо.
Фото и рецепт: Весна Вртариќ