Кога станува збор за џигерот понекогаш не можете да знаете дали ќе ви излезе доволно мек или ќе биде преполн со жили. Секогаш е важно да одбирате квалитетни парчиња, што во најголем случај го одредува успешниот ручек.
Овојпат ќе ви ги претставиме најдобрите рецепти за подготовка на јунешки, телешки и пилешки џигер. Сите се премногу вкусни, па нема да погрешите каков и да направите. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 (јунешки џигер) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици кромид, 500 г јунешки џигер, малку масло и сол по вкус.
РЕЦЕПТ 2 (телешки џигер) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: телешки џигер (големина по ваша желба, колку што правите вообичаено), 2 чешниња лук, 1 главица кромид, 150 мл вода или по потреба, малку магдонос, 2 лажички доматен сос или доматно пире, зачини.
РЕЦЕПТ 3 (пилешки џигер) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г пилешки џигер, малку брашно, сол по желба и 50 мл масло.
ПОСТАПКА за рецепт 1: кромидот излупете го и исечкјате го на ситни коцкички. Во тава загрејте малку масло на умерена температура, па запржете го кромидот со повремено промешување додека да омекне и застакли, приближно 5 минути. За тоа време цигерот исечете го на ленти, па на мали коцки, со големина на залак.
Додајте ги во пржениот кромид, промешајте и пржете една минута, па кога ќе почне да ја менува бојата, поклопете и одтавете да се динста на ниска температура 3 минути. Потоа додајте 100 мл вода, промешајте и повторно поклопете, па продолжете го динстањето 30-40 минути.
Додека се динста џигерот на умерена температура повремено промешувајте и ако е потребно додавајте по малку вода. Вода се додава на неколку наврати по сосем малку, за да може џигерот да омекне постемено, да се издинста, а не да се свари (ако ставите одеднаш многу вода).
Џигерот се посолови на самиот крај, кога е готов и омекнат. Ова е важно да се запамти, зашто дако го посолите на самиот почеток тој ќе биде тврд и жилав. Деталите од приготвувањето можете да ги погледнете ОВДЕ, а сега следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 2: џигерот измијте го и добро исушете го со хартиени салфетки за да не остане влага на него. Исечете го на ленти со остар нож. Две чешниња лук исечкајте ги на ситни коцкички. Кромидот исечете го покрупно и ставете го во блендер. Сомелете го ситно, а ако немате блендер исечкајте го рачно колку можете поситно.
Намастете нелеплива тава и загрејте ја на умерена температура. Ставете ги лентите од телешки џигер и пропржете ги 2 минути, со повремено мешање. Потоа додајте го измелениот кромид и пржете додека тој да ја испушти својата арома и да омекне. Потоа поклопете и продолжете го динстањето под капак, 5 минути.
Најпосле зачинете, промешајте и динстајте под капак уште 5 минути на ниска температура. Потоа додајте 100 мл вода, промешајте, па додајте ситно сечкано лукче и магдонос. Динстајте под капак 2-3 минути, па додајте го доматното пире и по потреба долејте уште малку вода. Динстајте уште 5-10 минути или колку што е потребно за да се добие густ сок. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ. Следи постапката за третиот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 3: загрејте го маслото во тава на умерена температура, а џигерчињата извалајте ги во брашно. Спуштете ги на врелото масло и пржете ги кратко од двете страни колку да заруменат. Намалете ја температурата на умерено-ниско, поклопете со капак и динстајте 5 минути. По потреба залејте сосем малку вода, ако испарила течноста што ја испуштиле. На крај посолете кога џигерчињата веќе се омекнати.