Чувството на метал во уста може да биде индикатор на разни болести, а некои од нив се доста сериозни. Па така, доколку и вие некогаш го добиете „металниот вкус“ во уста, а не поминува подолго време, потребно е да одите на лекар и да ги направите потребните анализи за да се утврди точната причина за овој симптом.




Всушност станува збор за вкус кој многу наликува на вкусот на метални монети. Никој возрасен човек не става монети во уста, но сигурно кога сте биле деца, од љубопитство можеби сте го искусиле „металниот вкус“, па приближно знаете каков е тој. Откриено е дека овој симптом може да биде причинет од различни здравствени состојби.

Некои од нив може да бидат сериозни, а некои, не. Кога ќе почувствувате вкус на метал во устата, би требало да обратите внимание на тоа што сте правеле претходно и дали постојат уште некои пропратни симптоми.




ЛЕКОВИ. Како нуспојава од конcyмација на антибиотици и некои други лекови, може да се појави вкус на метал во устата. Ова се случува затоа што телото ги апсорбира компонентите од лековите, кои подоцна можат да се излачат преку плунката.

Антиде-пресивите можат исто така, да предизвикаат вкус на метал, како и други лекови кои предизвикуваат сушење на устата. Ова не е о пасно, само може да биде непријатно. Во овој случај потребно е да пиете колку можете повеќе вода и чај од мента/нане.




РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ. Доколку чувствувате вкус на метал во устата, тоа исто така може да биде симптом за инфекција на респираторниот систем, синуситис или силна настинка. Со оглед на тоа дека сетилото за вкус и мирис се поврзани, инфекцијата на носот или д ишните патишта може да влијаат врз вкусот. „Металниот вкус“ ќе помине веднаш кога ќе помине и инфекцијата.




БРЕМЕНОСТ. Особено во раните стадиуми, бременоста може да влијае врз вкусот, па така, може да се добие и метален вкус во устата. Ова е нормална работа и главно поминува сама од себе. Многу е важно да се следат сите промени во текот на бременоста. Доколку забележите нешто ч удно, треба веднаш да се обратите кај лекарот.




ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА. Како што вашето тело ги апсорбира компонентите од лековите, така ги внесува и компонентите од с уплементите. Доколку внесувате цинк, железо, бакар, хром..тоа може да предизвика вкус на метал во устата. Овој вкус обично се јавува дури кога ќе започнете со с уплементација, а како ќе расте нивното ниво во организмот, вкусот полека ќе исчезнува. Доколку не престанува, тогаш конcyлтирајте се со вашиот лекар.




ДЕМЕНЦИЈА. Чуден вкус во устата е честа појава кога станува збор за деменција. Деменцијата е о штетување на мозокот и н ервите, па поради тоа доаѓа и до ош-тетување на сетилот за вкус. На деменција укажуваат голем број работи, а промената на вкусот е една од нив.




ИЗЛОЖЕНОСТ НА ХЕМИКАЛИИ. Доколку работите со о пасни материи, тоа може да доведе до појава на „метален вкус“ во устата. Всушност, ова чувство е нуспојава на изложеност на жива и олово. Доколку мислите дека сте биле изложени на овие ток-сични метали, веднаш обратете се на лекар за да ги направите потребните тестирања.




ПРОБЛЕМ СО БУБРЕЗИТЕ И ЦРНИОТ ДРОБ. Вкусот на метал во уста укажува на проблеми со црниот дроб и бубрезите, што значи дека овие органи не функционираат како што треба и не ги филтрираат материите на правилен начин. Доколку вкусот на метал е проследен со горчина, веројатно станува збор за преспор црн дроб.

Доколку станува збор само за метален вкус во устата, тогаш можно е да се појавил проблем со бубрезите. Ова исто така, може да биде индикатор и за дијабетес. Обратете се на лекар доколку сметате дека имате каков било здравствен проблем.




ТРЕТИРАЊЕ НА PАК. Хемотерапијата и радијацијата четопати зад себе оставаат вкус на метал во устата. Ова е очекувана појава кога станува збор за лекување од рак, како и некои други несакани дејства, па мора да се третира со многу внимание. Разговарајте со лекарот за тоа што би можеле да направите по ова прашање.




СЛАБА ОPАЛНА ХИГИЕНА. Еден од причинителите за ова непријатно чувство може да биде поради нередовната орална хигиена. Во овој случај може да се појават инфекции кои доведуваат до вакво чувство.

Секогаш грижете се околу квалитетната хигиена на забите и непцето, а доколку сметате дека имате некој проблем, посетете стоматолог. Овој „метален вкус“ ќе исчезне штом ќе се отстрани инфекцијата. Исто така, треба да пиете многу вода и на тој начин устата ќе ви биде свежа и хидрирана.