Home пита ВИТКАН БУРЕК со сирење ПОДОБАР ОД СЕКОЈ КУПЕЧКИ…За 30 минути многу вкусен...

ВИТКАН БУРЕК со сирење ПОДОБАР ОД СЕКОЈ КУПЕЧКИ…За 30 минути многу вкусен појадок или вечера (со готови кори)…

ВИТКАН БУРЕК со сирење ПОДОБАР ОД СЕКОЈ КУПЕЧКИ…За 30 минути многу вкусен појадок или вечера (со готови кори)…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г кори за баклава
500 г свежо кравјо сирење
200 мл кисела павлака
1,5-2 лажички сол
2 јајца

За премачкување на корите:
200 мл газирана вода
100 мл масло

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте го иситнетото сирење со киселата павлака и јајцата, а потоа посолете по вкус.

2.Отворете ги корите и одвојте настрана 5 кори и исечете ги надолжно на половина, а ќе послужат за пополнување.

3.Земете 2 кори и поставете ги на работната површина една до друга, но да се преклопуваат со една третина. На овој начин ќе добиете една голема, долга кора.

4.Потоа земете 2 исечени кори и преклопете ја едната половина од поставените кори. Одозгора премачкајте со мешавина од вода и масло и распоредете фил.

5.Внимателно свиткајте во ролат, а потоа на 2-3 пати како баничка. Постапката повторете ја со остатокот од материјалот, а бурек-баничките поставете ги врз плех обложен со хартија.

6.Одозгора натопете ги со мешавината од вода и масло и печете ги во претходно загреана рерна на 220 степени, 30 минути или додека да заруменат, Постапката погледнете ја ОВДЕ.