Владимир Петрович Филатов бил угледен професор по медицина, офталмолог, хирург и член на Академијата на науките и Академијата за медицински науки во времето на СССР. Напишал 460 научни дела и монографии, награден со повеќе ордени, лауреати и медали.

Академикот Филатов ги советувал своите пациенти, според болничкото лекување, да ја користат оваа чудотворна мешавина, а сите кои ја користеле биле изненадени од позитивните резултати.

Потребни состојки:

100 г сок од алое (aloе arborescens)
500 г исечкани ореви
300 г мед
3-4 лимони сок

Постапка:

Прво пригответе го сокот од алое: Исечете поголеми, долни и средни листови од кактусот алое арборесценс и внимавајте да не го повредите врвот на билката и горните 3-4 листови.

Измијте ги со ладна филтрирана вода, отстранете ги боцките од листовите и исечете ги на ситни парченца. Изрендајте ги листовите и исцедете ги низ двојна газа.

Добиениот сок од алое измешајте го со останатите состојки.

Употреба:

Трипати дневно, 30 минути пред јадење, по една супена лажица. Се консумира постојано, додека да дојде до подобрување на видот. Покрај тоа, овој напиток е права витаминска бомба – го јакне и регенерира целиот организам.

Совет:

Академикот Филатов препорачувал измиените листови да не ги сечете веднаш, туку да ги оставите на чинија и да ги чувате во фрижидер 10-12 дена.

Во вакви услови во клетките на алоето се формираат супстанции познати како “биогени стимулатори”, кои имаат способност да ја разбудат активноста на клетките на алоето.

Потоа листовите повторно измијте ги и постапете според упатството за подготовка. Од таквите листови можете да приготвите и биостимулативен сок од алое.

Напомена: Треба да знаете дека сокот од алое е контраиндициран кај акутни болести на бубрези, гастроинтестинален тракт, последниот триместар од бременоста, при воспалителни процеси на женските полови органи, кај болести на кардиоваскуларниот систем во фаза на декомпензација, туберколоза и хемороиди.

Важно: Од исклучителна важност е билката да не биде помлада од 2-3 години. Колку е постара, толку е полековита.