Секако не е на одмет да пробаме, бидејќи витаминот Б е повеќекратно ефикасен во одржувањето на добро здравје.
Резултатите од студијата спреведено во 2017 година имале за цел да покажат дали ефектите од изложувањето на штетните РМ 2.5 честички може да бидат ублажени. Се корстеле суплемнетите –од групата витамин Б, кои содржат 2,5 мг фолна киселина, 50 мл витамин Б6 и 1 мг витамин Б12.
Истражувањето опфатило 10-тина волонтери кои прво било изложени на чист воздух. Потоа истите испитаници биле тестирани со големи дози витамин Б по изложување на многу загаден воздух кој содржи високо ниво РМ 2.5 честички.
Резултатите покажале дека четирневното консумирање на витамин Б го ограничил ефектот од штетните честички помеѓу 28 и 75 на 10 генски локации.
Нешто слично се случило и со митохондриите во ДНК, делови од клетката каде се генерира енергијата.
Меѓутоа, научниците и натаму се скептични, бидејќи студијата била направена со мал број испитаници, а имаат и недоволни информации за нус појавите на витаминот Б, за што сметаат дека се потребни понатамошни испитувања.
Сепак, како што истакнуваат тие, едно апче витамин Б не е на одмет, ниту кога здравјето е во прашање, а особено кога станува збор за изложеност на РМ 2.5 штетните честички.