Виното од капини одамна е познато како многу ефикасен лек за лекување на анемија.
Исто така се користи при исцрпеност, неухранетост, за регулирање на столицата, крвниот притисок и циркулацијата.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчка и урина, а постојат докази дека поволно делува и на поедини коѓни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува покачениот холестерол, спречува згрутчување на крвта, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
РЕЦЕПТ ЗА ВИНО ОД КАПИНИ
Потребни состојки:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Постапка:
Исчистете ги и измијте ги капините, па ставете ги во шерпа и добро изгмечете ги со раце. Одозгора наросете шеќер и промешајте.
Гледајте садот да не ви биде испилнет до врв, оставете околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и оставете на поладно место. Вака треба да отстои една седмица.
После седум дена треба да се појави “комињак” на површината кој треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Вратете го виното повторно во чист сад и оставете го уште една седмица.
Потоа внимателно процедете го виното од талог и преточете го во стаклени шишиња.
Шишињата подврзете ги со газа (не ги зачепувајте зошто шишињата ќе пукнат).
Чувајте ги на ладно место и после еден месец ставете чепови.
Употреба:
Се пие наутро на празен стомак или навечер пред спиење. Во лековити цели доволно е дневна доза од 50 мл до 100 мл (половина чаша) во пидолг временски период од околу 2-3 месеци.