Кога го подготвувам овој колач, се чувствувам многу среќна бидејќи ми го зголемува серотонинот. Ми требаат само 5 состојки за да го направам, а не се пече, ниту содржи брашно кое го екстендира процесот на подготовка. Овие состојки веројатно постојано ги имате дома:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл млеко, 100 г путер/маргарин, 200 г чоколадо за готвење, 250 г мелени плазма бисквити, нутела или некој друг крем и ситно сечкани ореви за наросување на крајот.




ПОСТАПКА: Едноставно во едно тенџере ставете половина литар млеко и додајте го путерот или маргаринот заедно со чоколадото искршено на коцки. Ставете го тенџерето на рингла на ниска температура и со повремено мешање гответе додека да се растопат маргаринот и чоколадото.




Врелата течност тргнете ја од рингла и во неа додајте ги мелените бисквити/плазма, доволно ќе ви биде околу 250 г. Мешајте до соединување во една компактна смеса како бисквит која нема да се распаѓа. Вака подготвената смеса префрлете ја во еден сад (15х20 см) во кој претходно сте ставиле најлонска фолија.




Добро истегнете ја и распоредете ја низ целиот сад рамномерно. Покријте со фолијата одозгора и ставете во фрижидер да се стегне околу 30 минути. По изминатото време, превртете го колачот со помош на фолијата во една чинија и премачкајте го со крем или Нутела. Исечете на правоаголници и врз секое колаче наросете ситно сечкани ореви. Подолу може да прочитате уште еден рецепт:




За сите обожувачи на слаткиот вкус, ова е рецепт за торта на која никој не може да и одолее. Се приготвува за само 10 минути, а постапката можете да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 100 г мелени ореви или лешници, 1 лажица шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 60-70 г растопен маргарин/путер (може уште малку ако кексите се суви), 2-3 лажици чоколадно млеко. ЗА ФИЛ: 400 мл слатка павлака, 350 г чоколадо, 100 г чоко снегулки.




ПОСТАПКА: За подлога може да употребите било каков кекс. Во подлабок сад ставете ги мелените бисквити, мелените ореви, ванилин шеќер и шеќер во прав.

Промешајте убаво да се изедначат состојките, па прелијте со растопен путер и доколку сакате, може да додадете 2-3 лажици чоколадно млеко. Убаво промешајте за да добиете ровка, леплива смеса.




Нанесете ја во калап бр.24 претходно малку намастен со путер. Страниците можете да ги обложите со проѕирна фолија. Рамномерно нанесете ја смесата и нежно притиснете со лажицата, па тргнете на страна додека го приготвувате филот.

За фил: 400 мл слатка павлака ставете на оган колку да се замлачи, но не смее да зоврие. Потоа додајте го чоколадото искршено на коцки и промешајте за да се растопи и изедначи.




Кога ќе се добие мазна еднолична смеса. Додајте ги снегулките, промешајте и прелијте преку подлогата од кекси. Вака приготвениот колач оставете го во фрижидер најмалку два часа или во замрзнувач еден час. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.