Веќе не ги пржам компирите…Ова е повкусно и до чипсот…Евтино и многу вкусно…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600 г компири
1 китка магдонос
100 г рендан кашкавал (посен за посна варијанта)
1 1/2 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер
1 лажичка оригано
10 лажици пченкарен скроб
ПОСТАПКА:
1.Исечете ги компирите и сварете ги. Варениот компир зачинете го и испасирајте го. Додајте ситно сечкан магдонос, рендан кашкавал и скроб.
2.Замесете компкатно тесто кое лесно се обликува под раце. По потреба додјате уште малку скроб ако ви се чини дека тестото е премногу меко/ретко.
3.Кинете мали топчиња и обликувате тенки валјаци. Редете ги во намастен калап. Со четка намастете ги и од горната страна па печете ги во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
*Во половина од тестото можете да ставите една лажичка црвен пипер и од него да обликувате помали крокети. Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ: