Многу вкусен зелник!

Потребни состојки:

1 кг брашно

1 квасец

1/2 филџан масло

1 прстофат сол

1 прстофат шеќер

500 мл млака вода

Постапка:

Квасецот се дроби во малку млака вода, една лажица брашно и малку шеќер. Се разматува убаво да се растопи и се остава да се активира.

Во брашното се прави вдлабнатинка во која се додава малку сол, активираниот квасец и масло, па со постепено додавање на млака вода се замесува средно меко тесто.

Тестото се премачкува со масло, се витка во кеса и се остава околу еден час на топло да се удвои.

Потоа се размесува и се дели на седум топчиња кои се развлекуваат во кори. Една од корите да биде поголема од тепсијата која се става прва.

Се наросува со масло, па се редат уште три кори, помали од првата (колку тепсијата) исто така наросени со масло.

Врз четвртата кора се става фил по ваш избор (праз, спанаќ, сирење…), пасе редат уште три кори.

Питата се сече, се наросува со масло и се остава да кисне уште 30-40 минути.

Се пече на 200-220 околу половина час или да зарумени. 

Печениот зелник покријте го со памучна салветка и оставете го малку да излади.

Македонски Зелник со Праз Рецептот прочитајте го на https://buff.ly/2UPcAqtСПОДЕЛЕТЕ

Публикувахте от Вести од Македонија в Събота, 13 април 2019 г.