Велигден е најголемиот христијански празник, ден на Христовото воскресение. Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, како што е годинава.

Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.




Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот.




Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден, објаснува еминентниот универзитетски професор, теолог, Ратомир Грозданоски за религија.мк. Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела.




По полноќ, православните верници го слават Велигден, најголемиот христијански празник и денот на Христовото воскресение. На тој ден, Исус Христос воскресна од мрт-вите, ја победи с-мртта и им даде вечен живот на сите луѓе, од Адам и Ева до последниот човек на земјата.

Вос-кресението се слави три дена, христијаните се поздравуваат со: „Христос вос-кресна“, а тие одговараат „Навистина вос-кресна“. Така се поздравува до Спасовден, четириесеттиот ден по Велигден.




Велики петок, Велика сабота и Велигден, кој е секогаш во недела, се најважните денови во црковниот календар. Вообичаено е и оние што ретко одат во црква во тие денови да одат и да се молат за душите на нивните предци и за здравјето на нивните потомци.




По завршувањето на утринската литургија започнува велигденскиот празник. Велигденскиот ручек започнува во време кога обично е време за појадок. Ручекот се служи во кругот на семејството. Кога ќе се вратите од црква, сите членови на домаќинството се поздравуваат со велигденски честитки.




Сите членови од семејството седнуваат да ручаат на богатата трпеза која се збогатува со месо, погача, разни салати, но најважно од сè е обичајот кога сите членови од семејството се кршат со јајца. Потоа се послужува со колач кој обично се прави по повод овој оброк.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, прстофат сол, 85 г шеќер или некој друг засладувач, 1 мала лажичка екстракт од ванила или 1 кесичка ванилин шеќер, 210 г грчки јогурт, 80 г кокосово масло, 200 г брашно од бадем или некое друго лесно брашно, 8 г прашок за печиво, сечкани бадеми за декорирање.




ПОСТАПКА: во еден сад ставете ги трите јајца и измешајте ги со прстофат сол и додајте го шеќерот. Започнете брзо да мешате со маталка додека шеќерот да почне да се растопува во јајцата. Додајте го екстрактот од ванила и потоа ставете го грчкиот јогурт.




Измешајте се убаво и додајте го маслото (може да ставите и обично, но кокосовото дава посебна арома). Додајте го брашното и прашокот за печиво, па смесата излејте ја во калап со димензии 20х8 см или друг калап со слични димензии.




Одозгора наросете со сечкани бадеми и ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. Колачот се остава да се олади, па се сече како  кришки леб. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.