Оваа погача освен што е декоративна и убава на изглед, исто така е многу вкусна, па освен за празници можете да си ја приготвувате за секој ден, особено затоа што многу лесно и едноставно се приготвува. Со само малку љубов и малку време ќе добиете многу вкусна и убава погача на вашата трпеза. Еве што ви е потребно:

 




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, 2 јајца, 100 г путер или маргарин, 1 супена лажица шеќер, 1/2 коцка свеж квасец (20 г) или 1 кесичка сув, 150 мл млако млеко, 100 мл млака вода, малку масло за премесување, сол по желба или по вкус (околу 1 лажичка)




ПОСТАПКА: Во една поголема чинија иситнете го квасецот, додајте шеќер, а потоа млако млеко и растопен путер (да бидат млаки или на собна температура). Додајте и едно цело јајце (или две помали) кое претходно отстојало на собна температура.




Разредете со малку млака вода и со помош на жица за матење добро изедначете ги состојките. Јас не го чекам квасецот да се активира, туку само добро го разматувам за да се раствори заедно со шеќерот. Потоа постепено се додава брашно, сол и вода.




Потребно е да замесите средно меко тврдо тесто кое не е премногу тврдо, ниту премногу меко. на почетокот додајте брашно и сол, а водата постепено додавајте ја додека мешате со дрвена лажица. Ова е мој стил на мешање, а вие може прво да ги измешате сите течни состојки, а потоа постепено да го додавате брашното.




Кога тестото ќе згусне и веќе не може да се меша со лажица, на работната површина ставете малку масло околу 1-2 супени лажици, истресете го тестото и измесете го раце неколку минути.

Тестото веднаш станува компатно и не се лепи за раце. Формирано тесто намастете го одозгора со масло, ставете го во намастен сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да стасува половина час.




Стасаното тесто премесете го врз намастена површина, па доколку имате мала работна површина како мене, поделете го тестото на четири приближно еднакви делови за полесна изработка. Додека го работите едното тесто, другите оставете ги намастени на страна. Не ви е потребна оклагија бидејќи тестото многу лесно се работи врз намастена површина.




Најпрво тестото развлечете го во тенок валјак, па сплескајте го со дланките во вид на долга и тесна лента. Внимателно започнете да го виткате од долгата страна, така што повторно ќе добиете тенок валјак како врвка. Тепсијата во која ќе ја печете оваа пита малку намастете ја со путер или обложете ја со хартија за печење.




Вака развлечената кора од тесто во вид на валјак започнете да го ставате во средината на тепсијата (пречник 26 см, може и поголема) во вид на полжав. Постапката продолжете ја со останатите теста, а валјаците спирално надоврзувајте ги еден на друг додека да се исполни тепсијата.




За направите простор за велигденските јајца: направете една топла од алу-фолија со големина на тениско топче и обвитакјте ја со хартија за печење. Направете вдлабнување со прстите и тука поставете ја топката. Потоа земете кујнски ножици и направете засеци од горната страна, не до крај. Секоја ивица повлечете ја со прстите кон спротивната страна (за декорација).




Изматете една жолчка со две лажици масло и една лажичка млеко, па премачкајте ја питата одозгора. Погачата ставете ја во ладна рерна и вклучете ја на 200 степени, па додека таа полека се загрева, истовремено ќе стаса. Се пече околу 40-45 минути. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.