Потребни состојки:

25 г квасец

1/2 чаша млака вода

1/2 чаша млеко

1 јајце

1/4 чаша шеќер

1/4 чаша маслиново масло

4 чаши брашно

(Ако тестото се лепи за раце, можете да додадете уште брашно, но не повеќе од 1/2 чаша)

1 јајце за премачкување на тестото.

Постапка:

Млекото и водата се помешуваат. Посебно во стаклен сад помешајте 2 лажици вода со млеко, додадете квасец и оставете неколку минути да се активира.

Изматете јајце, додадете вода со млеко, маслиново масло, сол, шеќер. Се’ темелно промешајте.

Во оваа смеса постепено додадете брашно (1/2 чаша).

Кога ќе го додадете целото брашно – замесете тесто.

Тестото мора да биде меко и еластично. Оставете да се удвои.

За печење користете огноотпорен сад (чинија).

Тестото исечете го на ленти со ширина од 1,5 см.

Исплетете корпа како што е прикажано на фотографијата и премачкајте со жолчка. Печете на 180 степени, додека да зарумени. Одтавете да излади.

Потоа формирајте ивици за корпата. Испечете плетенка за ивицата и рачка за корпата па и неа испечете ја.

Ако корпата случајно излезе крива, ставете на дното некој тежок предмет.

За да ја поврзете корпата со рачката користете чепкалки за заби.