ВЕГЕ ЌОФТИЊА СО ТИКВИЧКИ…Многу се повкусни од месо, често ги правам како главно јадење или прилог…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка
1 морков
1 компир
2 јајца
4 лажици овесни снегулки
сол, црн и црвен пипер, сув зачин, сув лук
1/2 китка магдонос
100 г рендан кашкавал
2 лажици брашно

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ја тиквичката, посолете ја и оставете ја 10 минути. Потоа добро процедете ја низ прсти и помешајте ја со рендан морков и рендан компир. Додајте јајца и промешајте.

2.Во смесата додајте мелени овесни снегулки, зачини по вкус и добро промешајте. Оставете да отстои 10-15 минути.

3.Потоа додајте ситно сечкан магдонос и рендан кашкавал, па повторно промешајте.

4.Со натопени раце во вода обликувајте ги ќофтињата, валајте ги во брашно и пржете ги во загреано масло на умерена температура. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/wx4wPYyqW34?si=hKR4oPakz7wt5P82