Со помош на симптомите, ако добро ги забележуваме, може да откриеме дали нешто не функционира како што треба во нашиот организам.

Од огромна важност е да го наслушнувате своето​тело​и навремено да забележувате се’ што не е опасно, а би можело да биде.

Многу жени имаат проблем со менструалниот циклус. Најчесто станува збор за неправилен циклус, но, исто така, болка, грчеви, тешко крварење.

Оваа чајна мешавина ефикасно помага кај вакви и слични проблеми.

Потребни состојки:

100г листови од ајдучка трева

100г суви цветови од невен

50г сушени листови од коприва

Подготовка:

Две лажици од мешавината се прелива со половина литар врела вода и се остава во покриен сад да отстои пет минути.

Потоа се процедува и се остава да се излади. Чајот се пие во мали голтки, во текот на неколку часа.

Најдобро е да се консумира еден литар чај на ден, половина литар наутро и половина литар попладне.

За време на менструалниот циклус, ако крварењето е обилно, не се препорачува чај.

По два месеци од редовното консумирање, потребно е да се направи пауза од две недели, а потоа се продолжува, до посакуваните резултати.

Оваа мешавина, освен што има особено влијание врз регулирањето на менструалниот циклус, ги намалува и симптомите на ПМС (осетливост на дојките, отоци …), се зголемува плодноста кај жените и ги намалува потешкотиите кои може да ги предизвика туморот матка.

Исто така, чајот помага да се подигне имунитетот и да се подобри крвната слика.