Покрај добрите пасти за заби и гумите за џвакање, овие природни рецепти ќе го одржуваат подолго време вашиот здив да биде свеж и пријатен.​

Главното оружје против непријатниот мирис од устата се здрави заби, правилна исхрана, одбегнување на лошите навики и општо здравје. Меѓутоа додека не одете на лекар и не ги дознаете вистинските причини за вашиот лош здив, помош можете да побарате во природните средства.

Водичка за испирање​

Вода за испирање можете да приготвите од пелин. Земете прстофат пелин и прелијте со чаша зовриена вода. Оставете да отстои 20-25 минути, па процедете. Со овој чај можете да ја испирате устата 3-4 пати дневно.

Лимон

Исцедете сок од половина лимон, кратко жабуркајте во устата и веднаш после тоа испијте чаша јогурт. (После консумација на лимонот не се препорачува четкање на забите!). На овој начин ќе го задржите свежиот здив во текот на целиот ден.

Нане и босилек

Џвакајте листови од свежо нане а во вашата уста ќе добиете моментна свежина. Листовите од свежиот босилек се исто така добро решение, кои вашиот здив за многу кратко ќе го претворат во свеж и пријатен.