Многу вкусна торта која се приготвува за празници.

Потребни состојки:

5 јајца
60 г шеќер
1 супена лажица меко брашно
50 г мелени ореви

ФИЛ

4 жолчки
60 г шеќер
125 мл млеко
125 г шеќер
200 г мелени ореви
200 г путер
1 портокал

ШАМ

4 белки
250 г шеќер
180 мл вода

Постапка:

За кора: Разделете ги жолчките од белките. Изрендајте ситно кора од портокал и исцедете го сокот.

Белките изматете ги во цврст снег со постојано матење, додавајте шеќер и матете додека да се растопи.

Додадете брашно, ореви и пенасто изматени жолчки и се со лажица лесно промешајте.

Смесата печете ја во тркалезен калап (24 или 26) во рерна на 180-200 степени околу 25 минути.

За фил: Оревите за фил потопете ги во млеко со 125 г шеќер и ставете на оган да провријат. Жолчките и 60 г шеќер измиксајте ги на пареа и изладете.

Изматете го путерот, додадете ги попарените ореви, крем од жолчки, кора и сок од портокал. Добро соединете ги сите состојки.

За шам: Провријте вода со шеќер додека смесата да стане густа како мед. Изматете ги белките во цврст снег и со постојано матење додавајте го сирупот од шеќер.

Кората премачкајте ја со фил и украсете со шам од белки, а доколку сакате, одозгора можете да прелиете чоколаден фил.