Кога докторот ќе утврди дека боледувате од некоја болест, неопходно целосно да ги промените животните навики. Тоа значи дека мора да водите сметка за исхраната, да ја засилите физичката активност, да имате доволно сон и да одбегнувате стресни ситуации.
Цигарите, алкохолот и непотребните медикаменти се строго забранети кога станува збор за здравјето и лекувањето од болести.
1.СУРУТКА ЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ
Дури и докторите денес ја препорачуваат сурутката за регенерација на црниот дроб. Сурутката е богата со протеини, витамините Б2, Б6 и Б12, Ц и К, аминокиселини и ензими. Од минерали, обилува со калиум, калциум, фосфор и магнезиум.
Одлична е за намалување на крвниот притисок, спречување на срцев и мозочен удар, остеопороза, јакнење на организмот и намалување на стресот, а што е најважно – го регенерира црниот дроб.
Се препорачува да се пијат по 2 чаши дневно, најмногу половина литар. Кога се користи сурутка, се одбегнуваат токсините кои го преоптеретуваат црниот дроб: кафе, алкохол, масна храна, цигари.
2.ЗЕЛЕН ЧАЈ ЗА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ
Зелениот чај е одличен антиоксидант и ги намалува воспалителните процеси, но и спречува натрупување на масти во црниот дроб. Се препорачува и за намалување на телесната тежина, особено ако дебелината е причина за болест на црниот дроб.
3.МЛАДОТО СИРЕЊЕ ГО РЕГЕНЕРИРА ЦРНИОТ ДРОБ
Младото сирење делува слично како сурутката и се препорачува за регенерација на црниот дроб. Поради големиот процент на протеини, сурутката и сирењето не смеат да ги користат бубрежно болните пациенти. Јогурт треба да се пие често, а најдобро е да се одбира немасно месо, како мисиркино и пилешко, кое ќе го приготвите без додавање на масти. Немојте да ја пржите храната.
4.ЈАБОЛКА ЗА ПРАВИЛНА РАБОТА НА ЦРНИОТ ДРОБ
Јаболката содржат високо ниво на пектин кој поттикнува правилна работа на црниот дроб. Аспарагусот е природен диуретик и поттикнува исфрлање на токсините од организмот. Од житариците се препорачува: просо, киноа и хељда, кои се лесни за дигестија и многу добро влијаат врз работата на црниот дроб.
Авокадото содржи глутатон кој му помага на црниот дроб да се ослободи од натрупаните токсини.
5.МОРКОВИ, ПРОКЕЉ И ЗЕЛКА СПРЕЧУВААТ ОШТЕТУВАЊА НА ЦРНИОТ ДРОБ
Добро е да седе овој зеленчук, бидејќи спречува оштетувања на црниот дроб, поттикнува подобра работа и придонесува за поефикасна детоксификација. Зелкастиот зеленчук како брокулите и карфиолот, содржат глукосинолат, антиоксидант кој поттикнува исфрлање на токсините од организмот.
6.ЛУК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
јадете повеќе лук кој обилува со селен и сулфур, а на црниот дроб му помага да се исчисти. Во исхраната додадете и цитрон и воопшто цитрусно овошје кое е богато со витамин Ц и ензими кои поттикнуваат исфрлање на токсини, па дури и оние канцерогени. Јадете спанаќ и домати, а од масла користете ги ладно цедените. Оброците зачинувајте ги со куркума.
7.СИРОВА ИСХРАНА
Се препорачуваат сшто повеќе свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, околу 2-3 литри, а исто толку и вода. Покрај тоа треба да се пијат и чаеви за регенерација и поттикнување на максимален ефект.
Ваквата исхрана за болен црн дроб треба да се применува најмалку 30 дена, а свежо исцедените сокови да се пијат полека.
ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ЗА ЦРН ДРОБ
-чај од корен од глуварче, трипати дневно. Две лажички сув иситнет корен се прелива со чаша зовриена вода и се остава неколку минути поклопено, па се процедува и пие незасладено.
-салата од свежи листови од глуварче (во периоди кога ги нема, се купува од аптека во облик на капсули или тинктура).
-Секое утро се пие лажица маслиново масло со сок од исцеден половина лимон.
-сок од: 12 г зелка, 1 лимон, 25 г целер, 250 г свеи круши, 2 см ѓумбир, 4-5 листови нане и вода.
-масло од каранфилче: 3 лажички сомелено каранфилче во прав измешајте со 250 мл маслиново масло. Затворете и оставете 21 ден. Се консумира секое утро по една лажичка, на празен стомак.
-сладок корен, чај. Препорачана дневна доза е 7-8 мг.
-куркума е лек за замастен црн дроб: ½ лажичка прав од куркама да се измеша со чаша топла вода и да се остави да излади. Се пие најмногу трипати дневно.
-цеден сок од лимон, без вода или шеќер, трипати на ден во текот на 30 дена.
-лажица јаболкова киселина, лажичка мед во чаша млеко или топла вода.
-чај од линцура: 1 г корен од линцура се прелива со чаша ладна вода и се остава поклопено да отстои 4 часа. Се пие еден час пред оброк додека не се излекува болеста.
ТОНИК ЗА ЦРН ДРОБ
240 мл лимонов сок
240 мл вода
½ лажица сок од цеден ѓумбир
½ лажица сок од цеден лук
1 лажица маслиново масло
1 прстофат црвен пипер во прав (по желба)
Сите состојки се мешаат и се пие секој ден по една доза, пред оброк. Секојдневно треба да се зголемува количината на маслиновото масло, а да се намалува водата, додека да се дојде до иста количина на сок од лимон и маслиново масло, односно од двете состојки по 240 мл.
ОБЛОГА ОД РИЦИНУС ЗА ЗАБОЛЕН ЦРН ДРОБ
Лековитите облози се ставаат на заболениот црн дроб или на целиот стомак. Облогата од рицинус се препорачува дури и за заболени од рак.
На памучна крпа или тетра пелена превиткана на четвртина, натопете ја со нерафинирано рицинусово масло претходно загреано на 40 степени. Фиксирајте со проѕирна фолија, а потоа покријте со пешкир и еластичен завој, да не е премногу стегнат, односно да се попречува нормалната циркулација.
Во текот на ноќта држете термофор или шише со топла вода на местото на облогата. Следниот ден извадете ја облогата и истуширајте се, па повторете ја постапката и следните 2-3 ноќи. За посилен ефект се препорачува да се стави сечкано лукче помеѓу слоевите ткаенина.