Природен лек за сува кашлица со ореви, искуствата велат дека кашлицата поминува за 1 ден. Сувата кашлица не подразбира присуство на вишок секрет во белите дробови. Настанува како последица на надразнување на слузокожата во грлото, најчесто после настинки, но и други иританти. Оваа кашлица се смета за поте-жок облик бидејќи поспоро се лекува од слузавата.




КАКО ДА ЈА ИЗЛЕЧИТЕ СУВАТА КАШЛИЦА? Доколку ве м ачи кашлица која никако не може да ја cмиpите, постојат неколку едноставни начини од народната медицина, доколку сакате да се излечите, а сепак да не пиете дополнителни медикаменти.




Оревите секогаш нека ви бидат при рака. Тие се вистинско богатство од хранливи материи и антиоксиданси и претставуваат еликсир за здравјето. Од нив можете да направите домашни лекови кои ќе ви се најдат во текот на целата година. Некои од лековите можете да ги приготвите веднаш, а за некои да причекате до пролет.




Иако оревите имаат висока калориска вредност, тие се богат извор на есенцијални соединенија како витамини, минерали, растителни влакна, омега 3 масните киселини и други растителни компоненти кои стануваат се понеопходни со процесот на стареење.




Обликот на оревите кој потсетува на човечкиот мозок, можеби и не е случаен! Преку своето анти-воспалително дејство, оревите можат да ги намалат оксидативните ош-тетувања на мозкот, со што може да го намалат ризикот од некои заболувања.




Лек за сува кашлица со ореви: Скршете три или четири ореви и ставете ги во 500 мл вода да вријат околу 10-тина минути со се лушпата. Потоа тргнете го садот од оган, процедете и оваа количина на чај пијте ја неколку пати во текот на денот, топла. Искуствата велат дека од овој лек кашлицата поминува за 1 ден, а се подготвува многу едноставно.




Секако, не кај сите сувата кашлица (како и друг вид на заболувања) се лекува со еден лек. Секоја индивидуа искусува различни терапевтски пристапи и треба да користи што најмногу помага во нејзиниот/неговиот случај.




На други пак, лековите со лутиот лук им се покажале како уште поефикасни. Постапка: Згответе неколку чешниња лук во вода, околу 15-тина минути на тивок оган и пијте најмалку 1 литар од овој чај, но мора да биде топол.




А може да направите и комбинација од ореви и неколку состојки. Потребни состојки: 2-3 ореви сосе лушпа, 1 помала главица црвен кромид, неколку диви капини. Постапка: Оревите измијте ги и скршете ги на помали парчиња.




Кромидот само измијте го сосе лушпа, исечете го на помали парчиња и ставете се да се готви во литар вода. Кога ќе почне водата да врие, после првиот клуч, тргнете од рингла и оставете да отстои уште неколку минути. Пијте го чајот додека сè уште е топол. Има непријатен мирис, но многу помага..




А некои ги практикуваат следниве вежби за д ишење: Испијте една чаша вода и легнете на земја на грб. Земете 30 длабоки вди-шувања и из-дишувајте преку речиси затворена уста. При секое „полнење“ на стомакот со воздух, задржете го зди-вот колку повеќе можете. Вежбата се повторува 3 до 4 пати, мене многу ми помага, вели искуството на Тихо Росо.