Вака тиквичките ги правам секој ден…Многу вкусно јадење за 10 минути..Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 тиквички
сол
200 г рикота сирење/урда
80 г лебни трошки (презла)
зачини по желба
60 г рендан пармезан/кашкавал
1 јајце
ПОСТАПКА:
1.Тиквичките изрендајте ги, посолете ги малку и промешајте ги. Оставете ги 10-тина минути да птстојат, а потоа добро истискајте ги низ раце и ставете ги во друг длабок сад.
2.Додајте ги сите наведени состојки, зачинете по вкус и убаво сето промешајте го за да се изедначи.
3.Црпете со лажица од смесата и со дланките обликувајте топчиња. Редете ги во плех обложен со хартија.
4.Печете ги во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/0P9r-IcLOLw?si=1soNlAEaYyE-Cd0L