Home закуска ВАКА СЕ ПРАВИ НАЈВКУСНАТА МУСАКА од компири и месо, НАЈСОЧНА поради тајната...

ВАКА СЕ ПРАВИ НАЈВКУСНАТА МУСАКА од компири и месо, НАЈСОЧНА поради тајната состојка што ја ставам…

ВАКА СЕ ПРАВИ НАЈВКУСНАТА МУСАКА од компири и месо, НАЈСОЧНА поради тајната состојка што ја ставам…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.5-2 кг компири, ислупени и исечени на тркалца 3 мм
50 мл масло
1 лажица сув зачин (вегета)
1 лажица сув магдонос
1/2 лажичка црн пипер во прав

За фил од месо испржете:
2 главици кромид, ситно исечкани
500 г мелено месо
1 лажица сув зачин (вегета)

За прелив изматете и соединете:
4 јајца
2 полни лажици кисела павлака
1 лажица брашно
500 мл млеко

ПОСТАПКА:

Компирите измешајте ги со маслото и зачините, па наредете половина на дното од плех со средна големина. Врз компирите распоредете го испрженото месо, а врз него распоредете го остатокот од компирите.

Течноста што ќе остане од компирите сипете ја одозгора. Ставете да се пече 30-45 минути во загреана рерна на 200 степени. Извадете ја и постепено залијте ја со преливот од јајца и млеко.

Вратете во рерна да се допече уште 10 минути. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ: