Ова е одличен, проверен рецепт кој го користеле нашите баби за подготвување на доматите за зимница. Има долг рок на траење, многу е вкусен и може да го додавате во сите јадења во кои се става домат. Запишете си го овој рецепт на Полимка, еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг домати, 2 супени лажици сол, 2 супени лажици шеќер, 1 китка свеж лист од магдонос, 1 китка свеж лист од целер, стаклени тегли претходно добро измиени и стерилизирани, метални капаци. По желба кој сака може да стави и лута пиперка во секоја тегла.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Доматите добро измијте ги под млаз вода и излупете ги. За полесно лупење најдобро е да го користите методот жешка-ладна вода. Имено, секој домат засечете го малку како „х“, па ставете го во жешка вода неколку секунди, а потоа веднаш префрлете го во многу студена вода. На тој начин брзо и лесно се одвојува лушпата од доматот.
![]()
![]()
![]()
![]()

Излупените домати исечете на парчиња, додајте сол, шеќер и ситно исечкан магдонос и целер (претходно измиени со ладна вода и исцедени – оставете ги половина час да се исушат на кујнска крпа).

![]()
![]()
![]()
![]()
Состојките добро измешајте ги, најдобро со решеткаста лажица. Потоа започнете да ги полните теглите, но потребно е добро да се притискаат со пластична лажица за да не останува празен простор.

![]()
![]()
![]()
![]()
Кога добро ќе се наредат, теглите затворајте ги со претходно стерилизирани метални капаци во рерна или едноставно пребришани со медицински алкоxoл. Затворените тегли е потребно да се пастеризираат половина час на еден од двата начина:





ПРВ НАЧИН: Наредете ги во големо и широко тенџере обложено на дното со кујнска крпа. Теглите не треба да се допираат една до друга. Налијте вода во тенџерето да биде на ниво – два прста под капаците.

![]()
![]()
![]()
![]()
Ставете на оган и загревајте на умерена температура. Откако ќе зоврие водата оставете да струи половина час, па исклучете го огнот и оставете ги теглите да се оладат внатре во водата.

![]()
![]()
![]()
![]()
ВТОР НАЧИН: Наредете ги теглите во некој подлабок плех без вода, исто така да не се допираат една до друга, па ставете ги во тегла која е вклучена на 100 степени. Вака оставете ги да отстојат два часа, па исклучете ја рерната и оставете ги внатре додека да се оладат. Вака подготвени доматите имаат рок 2 години. / Сооlinarika.соm











