Покрај ќебапите, кременадлите и колбасите, плескавиците се задолжителни на првомајските скари. Особено приготвени на следниот начин имаат совршен вкус и никој не може да им одолее. Секој има некоја своја тајна состојка во приготвувањето на плескавиците, а овојпат ви откриваме што ставаат професионалните готвачи во елитните ресторани.




Имено, тие во меленото месо покрај останатите состојки и зачини, наместо лебни трошки додаваат мелени ореви кои месото го прават уште посочно. Исто така, може да се користат кикирики, бадеми и слични јаткасти плодови, по вкус.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ова на плескавиците им овозможува да бидат повкусни и поздрави, бидејќи целиот месен сок останува во внатрепноста. Месото однадвор е крцкаво, а одвнатре сочно и нежно. При печењето или пржењето, се формира многу тенка коричка која го овозможува токму овој вкус.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во продолжение ќе ви го претставиме најдобриот рецепт за гурманска плескавица, а доколку и вие сами познавате некој испробан рецепт, споделете го со читателите на НМД.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потребни состојки за една плескавица: 300 г мелено мешано месо, сол и црн пипер по вкус, 1 лажичка црвена толчена пиперка (буковец), 1/2 главица кромид, 2-3 ленти сечкана сланина/панцета (околу една рака), 1 рака сечкан кашкавал
![]()
![]()
![]()
![]()
Постапка: Во подлабок сад ставете го меленото месо и посолете го, а потоа зачинете го и со малку свежо мелен црн пипер, една лажичка црвена толчена пиперка. Кромидот излупете го, а за оваа количина месо доволна ви е половина главица.
![]()
![]()
![]()
![]()
Колку можете поситно исечкајте го кромидот, па додајте го во меленото месо. Сланината и кашкавалот исечкајте на ситни коцкички, па и нив додајте ги во смесата. Земете со рака и добро измесете го месото за да се изедначат рамномерно сите состојки.
![]()
![]()
![]()
![]()
На крај треба да добиете фина, компактна смеса од мелено месо. Формирајте ја во топка, покријте ја со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер да одмори 2-3 часа додека да се соединат вкусовите и да се апсорбираат зачините во месото.
![]()
![]()
![]()
![]()
Даската на која ќе работите намастете ја со малку масло. Ставете ја топката од месо врз даската, па полека започнете со дланките да ја притиската за да ја сплескате и на тој начин да ја формирате плескавицата. Дебелината треба да и биде приближно еден центиметар.
![]()
![]()
![]()
![]()
На загреана и намастена грил-тава ставете ја плескавицата и печете ја по пет минути од секоја страна. Кога добро ќе се запече од долната страна, свртете ја и на другата страна, никако претходно. Кога е печена, плескавицата извадете ја и послужете ја топла со гарнир по ваш избор.































