Штрудлата со мак (мелено семе од афион) за многумина им е омилен десерт, а секоја домаќинка си има некој свој проверен рецепт. Порано се подготвувала многу почесто отколку денес, особено за сите повашни празници, а неделниот ручек не можел да се замисли без овој десерт. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280 г брашно, 80 мл млеко, 1 јајце, 1 сув квасец (10 г), 60 г мек путер, 2 супени лажици шеќер, 1 прстофат сол. ЗА ФИЛ: 250 мелен мак/афион, 40 г шеќер, 30 г суви брусници или суво грозје, 30 г сечкани бадеми или ореви, 1 белка. За премачкување: 1 жолчка, 1 лажица млеко
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл млеко, 500 г брашно, 1/2 коцка свеж квасец (20 г), 1 супена лажица шеќер, 2 жолчки, 1 прстофат сол, 60 г путер. ЗА ФИЛ: 125 мл млеко, 300 г мелен мак/афион, 200 г шеќер. За премачкување: 1 јајце
ПОСТАПКА за рецепт 1: Прво пргответе го тестото. Брашното помешајте го со сите суви состојки. Млекото и путерот загрејте ги (да биде млеко), па додајте во брашното. Промешајте и додајте го јајцето (на собна температура).
Замесете со рака додека да добиете средно меко, мазно тесто, па оставете го покриено во топла просторија додека да го удвои својот волумен, приближно еден час. Додека тестото ферментира подгответе го филот.
Млекото, макот и шеќерот загрејте ги, па кога ќе започне да врие тргнете го од оган и продолжете со мешање. Додајте го сувото овошје и мешајте додека смесата да подизлади, па додајте ја белката и повторно изедначете.
Пригответе го плехот и обложете го со хартија за печење. Тестото малку премесете го и развлечете го во правоаголна кора, па преку цела површина премачкјате го со филот. Свиткајте во ролат и по желба пресечете го на два или три дела, за да добиете помали ролати.
Вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени, а за тоа време штрудлите малку ќе стасаат. Премачкјате ги одозгора со мешавина од жолчка и малку млеко, па ставете да се пече приближно 25 минути или додека да добие убава златна боја. Кога ќе се олади наросете шеќер во прав и сечете ја на парчиња. Следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за втор рецепт: Ставете го млекото да се смлачи, па тргнете го садот од оган и додајте лажица шеќер, изронет свеж квасец и малку брашно, па промешајте за да се растворат состојките и оставете на топло место за да се активира квасецот и да запени.
Во друг сад изматете две жолчки со виљушка, па додајте ги во активираниот квасец. Помешајте и сипете во длабок сад во кој сте го просеале брашното со малку сол. Тестото добро измесете го, па префрлете го на набрашнета површина, покријте го и оставете го да стасува додека да го удвои волуменот.
За тоа време пригответе го филот: млекото нека зоврие, па додајте мелен мак и шеќер. Сварете го филот, тргнете го од оган и оставете да се олади. За тоа време тестото поделете го на три дела. Секој дел развлечете го во правоаголна кора, одозгора премачкјате со путер, па богато нанесете од филот.
Свиткајте ги штрудлите и наредете ги во намастена тепсија, па секоја одозгора премачкјате ја со изматено јајце. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, а за тоа време штрудлите малку ќе нараснат. печете ги 20-тина минути или додека убаво да заруменат.