Едвај чекаме во сезона да дојдат јагодите за да го јадеме овој прекрасен колач. Толку е вкусен, сочен и кремаст што никој не може да му одолее. Рецептот и го дадов и на сосетката која работи во слаткарница, а кога таму го направиле ми рече дека веднаш им се трошел.
Ние дома го јадеме со сласт бидејќи многу е лесен и не содржи многу шеќер. Идеален е за летно време, а наместо јагоди може да додавате и некое друго сезонско овошје или да го направите со банани кои постојано се во сезона, но нас ни е најубав со јагоди.
За да го направите овој колач потребни ви се само неколку состојки кои со сигурност ги имате постојано во домот доколку често припремате различни слатки. Најважно е да имате 1 цело млеко бидејќи кремастиот вкус доаѓа токму од млекото. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 9 лажици шеќер, 3 пудинзи од ванила, 250 г путер/маргарин, 100 г бело чоколадо, 300 г кекси бисквити или плазма, 450 мл слатка павлака или шлаг крем и 500 г јагоди.
ПОСТАПКА: Прво варите 3 пудинзи од ванила. Јас прашокот од пудинги го мешам со млекото, одземам малку од количината на млекото за да не се направат грутки, а останатата количина ја варам додека да зоврие заедно со шеќерот.
Можете да направите и пудинг од јагоди, ако така ви е поубаво, многу убаво оди со пудинг од ванила. Додека млекото зоврие, се кршат бисквити (петит) или може да користите плазма, а ако сами ги кршите бисквитите не се секирајте доколку оставите мала количина од парчиња бисквити, така колачот има уште поубав вкус.
Јагодите може да ги исечете на половина ако се многу големи. Ситните јаготчиња може да ги ставате цели. Потоа кога млекото ќе ви зоврие додајте го пудингот и сварете крем со посакуваната густина.
Во врелиот пудинг се додава 100 г бело чоколадо скршено на коцки и путерот. Сите состојки заедно се мешаат додека чоколадото и путерот да се стопат. Пудингот се прелива врз плазмата /бисквитите.
Колачот излејте го во огноотпорен сад со димензии 27х20 см и во него се излева половина од смесата, убаво се израмнува и одозгора се редат јагодите. Потоа доаѓа втората половина, па на крај повторно се редат уште 250 г јагоди.
Колачот се чува во фрижидер неколку часа додека убаво да се олади, а големината на садот може да ја одредите и самите бидејќи колачот не се пече. После ладење премачкајте со изматен шлаг или слатка павлака. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.