Однадвор се крцкави, а кога ќе ги гризнете се топат во уста. Овие уштипци се нешто највкусното што сум го јадела во последно време! Многу брзо и лесно се приготвуваат, па може да се послужат за појадок, вечера или како прилог на главното јадење. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 чајна лажичка сол, 200 г рендан кашкавал по ваш избор, 100 г фета или некое друго ситно сирење, 100 г брашно, 80 г презла (лебни трошки), 1 кесичка прашок за печиво




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете четири јајца и посолете ги со една лажичка сол. Пенасто изматете ги со жица-маталка или обична виљушка, а додека го правите ова вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

 




Во изматените јајца додајте 200 г рендан кашкавал по ваш избор и 100 г фета сирење изронето со виљушка. Потоа додајте една кесичка прашок за печиво (10 г), 80 г презла 100 г брашно (додајте го на два наврати).




Добро промешајте додека да се изедначат состојките, па додајте го и остатокот од брашното. На крај треба да добиете мека, но компактна смеса од која може да се прават уштипци, и треба да изгледа вака:




За уште поубав вкус, во смесата наросете и околу една лажица сусам. Потоа со помош на две лажици црпете од смесата и редете врз плех обложен со хартија за печење. Формирајте поголеми или помали уштипци, по ваш вкус.




Вака приготвените уштипци ставете ги да се печат во загреаната рерна на 200 степени додека убаво да заруменат, околу 20 минути. Во текот на печењето тие убаво ќе нараснат, па затоа добро е помеѓу нив да оставите малку простор за да не се залепат.




Печените уштипци оставете ги малку да подизладат, па послужете ги топли или ладни, секако се многу вкусни. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.