УШТИПЦИ ОД ТИКВИЧКИ…за појадок, вечера, вечера…сите ги обожаваат, дури и децата…Ова е најдобриот рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг тиквички (2 со средна големина)
1 лажичка сол + 1-2 прстофати
200 мл јогурт
3 цели јајца
450 г брашно (3 полни чаши)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
1 капаче бел оцет 9%
ПОСТАПКА:
1.Тиквичките излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Посолете ги со лажичка сол, промешајте ги и оставете ги 20-30 минути за да го испуштат сокот. По изминатото време не ги процедувајте.
2.Додајте три јајца и чаша јогурт, па промешајте за да се изедначи. Потоа додајте три чаши брашно и две лажички прашок за печиво. Додајте и едно кашаче (1 лажичка) бел оцет за да се спречи впивање на маслото.
3.Мешајте со лажица додека сите состојки да се поврзат. Во широко тенџере сипете масло со длабочина од 2 см и загрејте го на умерена температура (7 од 9).
4.Земете две лажици, натопете ги во маслото, па со едната лажица црпете од смесата, а со втората подбутнувајте ги уштипците во маслото.
5.Пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат. Вадете ги со решеткава лажица во чинија со хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.