УШТИПЦИ ОД ТИКВИЧКИ…Вкусни, меки и воздушести…Не впиваат масло…Еве што ви е потребно за оваа вкусна закуска:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 средна тиквичка
2 јајца
20 лажици брашно +-
1 прашок за печиво
2 лажици кисела павлака
малку ситно сечкан кромид, по желба
сол, суви зачини, црн пипер, свеж магдонос, свеж босилек, сето тоа по вкус

ПОСТАПКА:

1.Тиквичката изрендајте ја, посолете ја со лажичка сол и оставете ја 20-тина минути, па добро истискајте ја од вишокот сок.

2.Јајцата изматете ги, додајте ги тиквичките и 10 лажици брашно помешани со прашок за печиво (остатокот од брашното додавајте го постепено).

3.Додајте ја павлаката и сите наведени билки и зачини по вкус, па промешајте ги да добиете полутечно, густо тесто.

4.Загрејте масло на умерена температура, па натопете ја лажицата во маслото, црпнете од смесата и спуштете. Пржете ги уштипците по неколку минути од двете страни додека да заруменат.

Вадете ги на хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.